Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Флик нема дилеми кој играч од средниот ред ќе го испрати на позајмица

26 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika
Фото: Барселона/Твитер

Гави и Френки Де Јонг излегоа од тешки повреди, а тоа значи поголема гужва во средниот ред на Барселона.

Тренерот Ханси Флик ќе испрати на позајмица еден од играчите од средниот ред, а според шпанските медиуми тоа ќе биде Пабло Торе (21), кој може да игра и на левaта крилна позиција.

На седум натпревари одигра само 248 лигашки минути, а не настапи на последните пет натпревари. Како што истакнува каталонскиот „Спорт“, не би требало да има проблем да се најде клуб во кој Торе ќе го помине вториот дел од сезоната.

Барса претходно го испрати Торе на позајмица, па минатата сезона го носеше дресот на Џирона.

Тој е под договор со клубот и за следната сезона. Во оваа и покрај малата минута постигна два гола за Севиља (одигра 14 минути), а против Виљареал беше стрелец и асистент (играше 59 минути).


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ