Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Добри вести за Артета: Се вратија Сака и Калафиори

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета доби добри вести во пресрет на утрешното гостување кај Аталанта, со кое „топчиите“ го започнуваат учеството во новиот формат на Лигата на шампионите. Букајо Сака и Рикардо Калафиори денеска продолжија со тренинзите и би можеле да бидат во комбинација за утрешниот дуел.

Англискиот репрезентативец беше заменет за време на неделното дерби со Тотенхем поради стравувањата дека неговата повреда може да биде посериозна. Калафиори заработи повреда за време на настапите со италијанската репрезентација и поради неа го пропушти дербито на Северен Лондон.

Капитенот Мартин Одегард се уште ја лекува повредата на скочниот зглоб, па со сигурност го пропушта и овој натпревар, а недостапни се и Зинченко, новото засилување Микел Мерино, Киеран Тирни и Томијасу.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ