Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Балотели: Одбив понуди од странство затоа што сакам да се вратам во Италија

21 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поранешниот напаѓач на Интер, Манчестер Сити и Милан Марио Балотели сака да се врати во италијанскиот фудбал. „Супер Марио“ е слободен фудбалер откако му истече договорот со турскиот Адана Демирспор и е во потрага по нов клуб.
Веќе одбив неколку понуди од странство затоа што сакам да се вратам во Серија А. Затоа се уште немам клуб. Забавив малку затоа што се надевам дека ќе игра во Италија. Ако не стигне понуда од некој клуб од Серија А, тогаш ќе прифатам од странство.“, изјави Балотели.
Последен италијански клуб на Балотели беше Монца во сезоната 2020/21. Потоа отиде во Адана, па беше и во швајцарски Сион, па се врати во Адана.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ