Спектакуларното лондонско дерби на стадионот на Вест Хем заврши како што покажа семафорот по првите 45 минути - 5:2 во корист на Арсенал.
Веќе во првото полувреме од лондонското дерби ги видовме сите седум гола, а потоа ниту еден во останатите минути.
„Топџиите“ победија со 5:2 на гостински терен против „чеканите“, кои можеа и полошо, како што тргна се.
Избраниците на Микел Артета поведоа во 10. минута, за во 27. Леандро Тросар да го удвои водството, а потоа за три минути Мартин Едегор и Каи Хаверц постигнаа уште два гола.
После тоа, Вест Хем возврати преку Ван Бисака и Емерсон, за на полувремето на Букајо Сака да зголеми на 2:5 во петтата минута од судиското надополнување.
Сака беше тој кој претходно забележа две асистенции и со тоа стигна до вкупно 10 оваа сезона, на 13 одиграни натпревари.
Се очекуваше резултатскиот тренд да продолжи и во вториот дел, но напаѓачите на двата тима беа видно истрошени и ништо не покажаа во останатото време.
Навреме го скрши ривалот Арсенал и немаше повеќе возбудувања.
Сега ги прескокнаа Брајтон и Манчестер Сити, а со 25 бода имаат шест помалку и натпревар повеќе од водечкиот Ливерпул.
Вест Хем остана на 14. позиција со 15 бодови.