Убавата „Веспрем Арена“ е исполнета скоро до последното место и унгарските фанови, „обоени“ во црвено го бодрат Веспрем на дуелот со Еурофарм Пелистер. Но, нашиот шампион не е без поддршка.
Специјалниот претставник на нашата земја во Унгарија, Ивица Боцевски и членови на нашата амбасада во Будумпешта, со македонското знаме и среде свечената ложа навиваат за Еурофарм Пелистер. Иако противникот е моќен и важи за голем фаворит, на битолчани им останува добро да се претстават против еден од кандидатите за европската титула.
Навивачите на Еурофарм Пелистер сезонава ја бодреа екипата на гостувањето во Полска против Висла пред два месеци.