Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

5 од 5 со 20 постигнати гола: ПСВ урива рекорди и прерасна во машина за голови!

14 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Холандскиот шампион ПСВ го собори сопствен рекорд победувајќи го денеска тимот на НЕЦ Нијмеген во рамките на 5. коло од Ередивизие. Имено, екипата предводена од Петер Бош во новата сезона на холандскиот фудбал победи на сите пет натпревари, стигна до тоа да постигне барем еден гол на 55 натпревари по ред и во тој интервал да освои 146 од можни 165 бода!

Податоци кои ретко кој тим во кој било дел од светот може да ги повтори. Во моментов ПСВ нема рамен во домашниот шампионат. Послендиот денешен дуел со НЕЦ само ја потврди супериорноста на домашните, кои постигна два гола за 17 минути и потоа само умешно ја одржуваа разликата, пропуштајќи шанса од неколку други чисти шанси да ја наполнат и мрежата на НЕЦ.

На пет меча во холандскиот шампионат оваа сезона ПСВ веќе има 20 постигнато гола што го прави тимот вистинска машина за голови!


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ