-На дводневниот состанок, на кој присуствуваат 92 земји и осум меѓународни организации, беше повторено дека со заеднички напори може да се стави крај на војната и да се постигне мир, рече Зеленски денеска непосредно пред делегациите да почнат да разговараат на оваа тема.
Меѓутоа, швајцарската претседателка Виола Амхерд нема толку големи очекувања, забележува ДПА.
-Нашите цели се скромни, рече таа, објаснувајќи дека целта на конференцијата е да се поттикне почеток на процес за постигнување траен и праведен мир.
Важноста на меѓународното право како основа на меѓународниот поредок е клучна за ова, рече Амхерд.
-Нападот на Русија го нарушува тоа на најнагласен начин, рече Амхерд.
Русија не беше поканета да учествува на конференцијата, а не учествува ниту Кина, важен сојузник на Москва.
На средбата станало збор и за добивање на најширока можна меѓународна поддршка за украинскиот мировен план, кој предвидува целосно повлекување на Русија од украинска територија.