Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Врие на Блискиот Исток–над 30 убиени во израелски воздушен напад во Бејрут

21 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Нападот бил извршен за време на голем сообраќајен метеж, кога луѓето се враќале дома од своите работни места, а учениците од училиште. Десетици се повредени, а спасувачките тимови и натаму се на терен се пребарува под урнатините...   

Овој последен напад, израелската војска го опиша како „насочен“.Освен цивили загинаа и 14 борци на Хезболах, а меѓу нив бил убиен и главниот командант, Ибрахим Акил, високиот оперативец на Хезболах, Ахмед Вахаби, како и заменик-шефот на елитната единица Радван. Веста за загинатите борци на Хезболахг ја потврдија и самите тие, а со информации изглегоа и од израелската армија. 

„Денеска израелска армија го таргетираше и елминираше командатот на операциите на терористичката оорганизација Хезболах, Ибрахим Агил, а заедно со него и елитни команданти од специјалните единици на Радван. “ - изјави Даниел Хагари – портпарол на Израелска војска.

Бранот експлозии и напади кон Хезболах во Либан, либанските власти ги оценија како воено злосторство и геноцид. Велат ова е кршење на меѓународните човекови прави, кое мора веднаш да запре. Дел од тамошните власти овој напад го оценија како најсмртоносен досега.

„Работите ескалираа. Може да забележиме повеќе внимание, повеќе провокации и навистина е жално бидејќи ние како Влада преку дипломатски канали со месеци се обидуваме да дојдеме до мирно решение.“- изјави Мохамед Салам – министер за економија на Либан.

„Ова е геноцид. Ова е кршење на меѓународните човекови права и сите други права....“ -изјави Насер Јасин – шеф на центар за катастрофи на Либан.

Советот за безбедност на Обединетите нации вчера свика итна седница на која беше оценето дека регионот е на работ на катастрофа. Повикуваат на деескалација и максимална воздржаност. Портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик рече дека се многу загрижени поради зголемената ескалација вклучувајќи ги и смртонсоните напади.

„ Ги повикуваме сите страни веднаш на деескалација. Сите мора да покажат максимална воздржаност. И целосно спроведување на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност, регионот е на раб на катастрофа. “-изјави Стефан Дижарик – порптапрол на ген.сек. на ОН.

На почетокот на неделава Ираел изведе уште два одделни напади, прво преку неколку сиултани експлозии на пејџери, а подоцна и токи – воки уреди, загинаа повеќе од 40 луѓе, а околу 3 000 беа повредени.  Хезболах е шиитска група со седиште во Либан една е од највооружените милитантни организации во светот, финансирана од Иран и функционира како држава во држава. Проценките се дека рапсолага со 30 илјади борци, а со децении се смета за една од најголемите закани за Израел, а во последните месеци ги интензивираше нападите на негова територија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ