Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Воздушна тревога во Киев за време на посетата на Блинкен и Лами

11 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Воздушна тревога денеска попладне се огласи на улиците на Киев, со траење повеќе од 30 минути во време кога таму престојуваа американскиот државен секретар Ентони Блинкен и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, како и други западни претставници.

Украинските Воздухопловни сили преку каналот Телеграм информираа за закана од балистичка ракета.

Во пораката било наведувено дека ракетата се движи кон Полтавската област од правец на северната Сумска област. Подоцна, официјални претставници од администрацијата во Сумската област информираа дека ракетата била соборена и дека нема информации за предизвикана штета или повредени цивили. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ