Повеќе од 1.670 килограми кокаин биле запленети откако непознати лица го истовариле товарот од брод и побегнале од областа, соопшти Царината и граничната заштита на САД.
Островот Виакес се наоѓа источно од Порторико и е популарна туристичка дестинација.
Заплената на кокаинот уследи неколку дена откако американската Царина и гранична заштита и полицијата на Порторико заплениле кокаин вреден повеќе од пет милиони долари од брод во близина на западниот брег на градот Ринкон. На 1 септември биле запленети над 260 килограми кокаин, при што се уапсени двајца американски државјани.
Порторико долго време беше транзитна точка за дрога шверцувана во САД и Европа. /МИА