Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Џорџија рачно ќе ги пребројуваат гласовите на претседатечките избори во САД на 5 ноември

21 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Изборната комисија на американската сојузна држава Џорџија  одобри нова регулатива со која се бара од канцелариите рачно да ги бројат гласачките ливчиња за претседателските избори на 5 ноември во југоисточната американска држава каде Доналд Трамп го оспори неговиот пораз во 2020 година.

Поради тесната разлика од само 12.000 гласови што го одвои од демократот Џо Бајден пред четири години, Трамп, кој повторно се кандидира за Белата куќа, побара неколку пребројувања. Тој се уште не го признал тој пораз.

Според прописите, покрај машинското броење на гласовите, предвидено е и рачно пребројување, што може да го одложи објавувањето на резултатите во оваа клучна држава за претседателските избори во САД.

Целта, како што стои во текстот усвоен со три гласа „за“ и два „против“, е „да се гарантира безбедно, транспарентно и точно пребројување“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ