Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Џорџија почна предвременото гласање за избор на претседател на САД

15 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Предвременото директно гласање започна денеска во Џорџија, еден ден по одлуката дека претставниците на окружните избори не можат да го одложат или да одбијат да ги потврдат изборните резултати поради наводи за измама или грешка во држава во која речиси идентична поддршка имаат и републиканците и демократите.

Окружните изборни службеници во Џорџија не можат да го одложат или да одбијат да ги потврдат изборните резултати, одлучи судијата на Врховниот суд во Џорџија, што им задава удар на напорите на конзервативците да ги прошират своите овластувања во критичната држава, објави Си-Ен-Ен.

„Надзорници на изборите во Џорџија имаат фиксна должност да ги потврдат изборните резултати. Според тоа, ниту еден надзорник на изборите (или член на Одборот за избори и регистрација) не смее да одбие да ги потврди или да се воздржи од потврдување изборни резултати под никакви околности“, напиша судијата на окружниот суд во Фултон, Роберт Мекбарни, во пресуда од 11 страници.

Сè уште се чека на пресуда во посебен случај покренат од државните и националните демократи против новите правила на Државниот одбор за избори, кои би можеле да им дадат на локалните изборни функционери широки овластувања да го одложат или целосно да го негираат нивното потврдување на резултатите.

Во својата пресуда, Мекбарни рече дека иако локалните супервизори имаат должност да истражат дали имаат загриженост дека гласовите на изборите биле погрешно пресметани, таквите грижи „не се основа за одложување или негирање на сертификацијата“.

Случајот го покрена републиканската членка на Одборот за регистрација и избори на округот Фултон, Џули Адамс, која побара од судијата да изјави дека нејзините должности во потврдувањето на изборните резултати се „дискрециони“.

Округот Фултон имаше проблеми со одржувањето на претходните претседателски избори во 2020 година, вклучително и инцидент во кој група гласачки ливчиња беа двојно скенирани за време на пребројувањето, а претходно оваа година Државниот одбор за избори назначи независен набљудувач за округот на претстојните претседателски избори на 5 ноември.

Подоцнежната проверка на резултатите од изборите во Џорџија во 2020 година, која вклучуваше две машински и едно рачно пребројување на гласовите, не најде докази за изборна измама.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ