Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Брисел денеска се одржува Прв дијалог на високо ниво меѓу Турција и ЕУ, посветен на трговија

8 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Болат и Домбровскис претпладне ќе се сретнат на тркалезна маса со претставници на ЕУ и турската бизнис заедница, а попладне ќе се одржат меѓувладини средби.

За напредокот на билатералните и трговските прашања за соработка, вклучително и зелената и дигиталната агенда, ќе се разговара во рамките воспоставени на состанокот на работната група за трговија, одржан во октомври 2023 година.

Предвидени се и разговори за продлабочување на трговско-економската соработка меѓу Турција и ЕУ. Трговскиот дијалог на високо ниво меѓу Турција и ЕУ беше меѓу препораките во заедничката декларација за актуелната состојба на политичките, трговските и економските односи меѓу Турција и ЕУ во ноември 2023 година, и беше одлучено првиот состанок во рамките на овој механизам да се одржи на 8 јули 2024 година. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ