Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа говор во Конгресот.
Тој во салата беше пречекан со громогласен аплауз од присутните.
Нетанјаху рече кога Израел и САД се заедно „ние победуваме, тие губат“ и го увери Конгресот дека „ќе победат“.
Тој потоа го спореди нападот од 7 октомври со нападите на Њујорк на 11 септември.
„Ова не е судир на цивилизации. Ова е судир на варварството и цивилизацијата“, рече Нетанјаху.
Секоја негова реченица беше придружена со аплауз.
На улиците пред Капитол се собраа голем број граѓани.
Нетанјаху тогаш рече дека интензивно се работи на ослободување на заложниците.
“Нема да застанеме додека сите не се дома“, рече израелскиот премиер.
Тој потоа му се заблагодари на Бајден во име на заложниците за сè што прават САД за да ги ослободат.
Друго лице кое присуствуваше на неговиот говор на кое укажува Нетанјаху е војник на израелските одбранбени сили (ИДФ), кој исто така доби овации.
Нетанјаху вели дека кога еден војник ги видел нападите на 7 октомври, истрчал осум милји до линијата на фронтот за да го одбрани Израел.
До него е уште еден војник, муслиман, кого Нетанјаху го поздравува за неговата „огромна храброст“.
„Ова се војниците на Израел“, рече Нетанјаху.
На улиците пред Конгресот на протест се собраа голем број граѓани.