Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ужас во Германија: Момче било силувано од четворица мажи од Иран, мотивот бил политички

9 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Нападот се случилч во саботата во напуштена пиварница во Северна Рајна-Вестфалија.

Полицијата повикале случајни минувачи кои околу 23:30 слушнале врисоци од зградата на поранешната пиварница. По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници во зградата пронашле тешко повреден млад човек. Според обвинителството, станувало збор за бегалец од Иран.

Набрзо започнала потрагата по напаѓачите, а бил ангажиран и полициски хеликоптер. Полицијата успеала да лоцира четворица осомничени на возраст од 24, 34, 42 и 46 години. Тие побарале засолниште во шума, каде што биле совладани и уапсени. Се истражува мотивот за грозоморниот напад, а се сомнева дека Иранецот бил нападнат од политички причини.

Според Шпигел, осомничени за нападот се Иранци, кои го поддржуваат сегашниот режим и непосредно пред нападот имале дискусија со жртвата за политички прашања. Жртвата се противела на сегашниот режим, па се верува дека бил брутално претепан и силуван за да го понижат.

Уапсените се изјасниле како холандски и дански државјани, по потекло од Иран.

„Истражуваме дали политичките несогласувања се мотивот за нападот“, соопшти обвинителството.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ