Катарина Јовановиќ (28) од градот Некар е осудена на седум и пол години затвор откако ја фрлила од прозорец својата новородена ќерка мислејќи дека бебето ќе ѝ ја уништи кариерата како менаџер во Порше.
Како што објави Dailymail, таа е осудена во Окружниот суд на 3 јули.
Шокиран минувач под балконот на Катарина пронашол тело на новороденче со смачкан череп и повикал полиција. Таа на почетокот на судскиот процес кој започна во април го признала делото, но не објаснила што точно се случило.
Катарина изјавила и дека не знаела дека е бремена. Но, обвинителството ја обвини за убиство и за тоа што намерно ја криела бременоста од соседите и колегите. Обвинителот тврдел дека Катарина мислела дека мајчинството ќе ѝ ја уништи кариерата во правниот оддел на Порше.
„Обвинетата не била подготвена да ги стави на чекање своите животни планови, особено професионалното напредување, заради бебето. Тоа беше нејзина одлука кога се роди бебето и како резултат беа исполнети критериумите за осуда за убиство“, рече обвинителката Марике Хафендоерфер.
Almanya'da Katarina Jovanovic isimli kadın, kariyerini olumsuz etkileyeceğini düşündüğü bebeğini pencereden atarak öldürdü - https://t.co/Gg3db5ZVXV
— 🚨 Son Dakika Haberleri 🔥📣🚨 (@sondakikacc) July 5, 2024
Almanya'nın Baden-Württemberg Eyaleti'nde yaşayan Katarina Jovanovic, kariyerini etkileyeceğini düşündüğü için yeni doğan kızın... pic.twitter.com/6mJqu9ztEY
Адвокатката Малте Хеч (53), тврдеше дека обвинетата не знаела дека е бремена:
„Ова е драма што ме засега мене лично. Мојата клиентка не знаеше дека е бремена. Кога одеднаш држеше крваво бебе во рацете, беше во несекојдневна психолошка ситуација. Тоа беше несреќен случај, го испушти бебето, а како завршило детето кај прозорецот, останува да се утврди“.
На крајот, судот го прифатил обвинението за убиство од небрежност и ја осудиле на седум и пол години затвор, што е три години повеќе од барањето на одбраната. Адвокатскиот тим на обвинетата најави дека ќе поднесе жалба.
Mother throws newborn daughter out of a window to her death because 'she thought a child would ruin her career as an executive at Porsche' https://t.co/uaQvY3Jcwm pic.twitter.com/8iiBBQ4Y1K
— Daily Mail Online (@MailOnline) July 5, 2024
Соседите за локалните медиуми изјавиле дека немале поим дека Катарина Јовановиќ е бремена и чека бебе.
"Никој не забележа дека жената е бремена. Неодамна се смени и повеќе не разговараше со нас. Мислевме дека е под стрес на работа", рекол еден од нив.