Опозицијата смета дека изборите биле наместени и во последните денови организира проевропски демонстрации.
„Уставниот суд не ги прифати жалбите...со кои се бараше изборите од 26 октомври да се прогласат за неуставни“, соопштија од судот, прецизирајќи дека тоа е „конечна“ одлука.
Во Грузија од минатиот четврток секојдневно има протести поттикнати од одлуката на партијата Грузиски сон да ги одложи до 2028 година преговорите за пристапување во Европската унија, што е цел наведена во самиот Устав на земјата./МИА