Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп пристигна во Белата куќа на средба со Џо Бајден за да разговараат за претстојниот трансфер на власта.
Како што пренесува Ројтерс, Трамп во Овалната соба бил пречекан од Бајден, демократот кој го победи на изборите во 2020 година, додека поголема група новинари се собрала пред Белата куќа.
Трамп претходно ја прослави својата победа во Претставничкиот дом со републиканците, кои имаат големи шанси да ја задржат контролата врз институцијата.
Индикации за претстојниот трансфер на власта се забележани пред портите на Белата куќа, а веќе започнаа подготовките за поставување на штандови за ВИП гостите кои ќе присуствуваат на парадата по инаугурацијата на Трамп на 20 јануари.
Иако Бајден сака средбата да биде симбол на континуитет, самата транзиција делумно заглави. Тимот на Трамп, кој веќе најави некои членови на новиот кабинет, допрва треба да потпише договори со кои се дозволува користење на канцелариски простор, опрема и пристап до владини службеници, објекти и информации, според Белата куќа.
Покрај средбите со федералните агенции, Бајден и Трамп најверојатно ќе разговараат за голем број теми, вклучувајќи ја и надворешната политика. Претседателот во заминување може да апелира до Трамп да ја поддржи Украина во нејзината војна со Русија. Поддршката на САД за Киев е доведена во прашање по победата на Трамп над Харис минатата недела, при што Трамп вети дека брзо ќе ја заврши војната, но не објасни како.