Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Тони кал и шут ја парализираа Италија по силното невреме, илјадници раселени (ВИДЕО)

21 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Најлоша е состојбата во провинцијата Емилија Ромања, каде пожарникарите имале над 800 интервенции.

Само во Болоња имало 345 интервенции, најмногу поради калта предизвикана од поројниот дожд. Обилните дождови доведоа и до лизгање на земјиштето и отворање на бројни дупки на патиштата, предизвикувајќи големи проблеми во сообраќајот, пренесе „Раи њуз“.

Пожарникарите на Емилија Ромања изјавија дека „на терен работат 472 единици, од кои 81 пристигнале како засилување од соседните региони, заедно со 157 возила и четири оперативни модули за испумпување на големи количини вода од поплавените подрачја“.

Во текот на ноќта меѓу 19 и 20 октомври, противпожарен хеликоптер спасил семејство со тримесечно бебе. Нивниот дом во Монтеренци, во провинцијата Болоња, бил изолиран поради лошите временски услови. Во Бентивоље, во провинцијата Болоња, продолжува работата на екипи со пумпи за празнење на поплавените простории во градската болница.

Пожарникарите се уште се ангажирани на расчистување на подрачјата зафатени од кал и шут. Во Болоња речиси сите улици се проодни, што го потврдил и градоначалникот Матео Лепоре.

Приватните куќи и електроенергетските објекти на Енел се чистеле со помош на пумпи. Сите електрични услуги кои беа во прекин се обновени. Градот има обезбедено околу 750 онлајн формулари кои досега ги пополниле граѓаните на Болоња за да побараат поддршка

Болоња се расчистува од кал, а граѓаните се соочуваат со првите проблеми во работниот ден (дури и со затворени училишта) по поплавите што го зафатија градот во саботата навечер. Сепак, временската прогноза за наредните денови во оваа провинција предвидува нови врнежи, иако не толку интензивни како претходната недела.

Уште малку врнежи од дожд се очекуваат во среда, кога времето ќе биде „облачно или претежно облачно со повремена облачност која ќе донесе повремени врнежи“. Во вечерните часови врнежите претежно ќе се повлечат на Апенините.

Претходно беше соопштено дека во поплавите загина млад човек, наврнале 200 литри дожд на метар квадратен.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ