Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Тајфунот „Кратон“ го погоди Тајван, најмалку двајца загинати, стотина повредени (ВИДЕО)

3 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На тајфунот му претходеа силни ветришта со брзина од 126 км/ч со налети до 162 км/ч и силен дожд.

Тајфунот Кратон удри на копно во близина на областа Ксијаоганг во Каосиунг околу 12:40 часот (6:40 часот по средноевропско време) на југот на островот, соопшти Централната тајванска метеоролошка управа (CWA).

Училиштата и канцелариите на островот се затворени од вчера, а жителите на јужниот пристанишен град Каосиунг се повикани да се евакуираат. Тајфунот донесе обилни дождови и силен ветер.

Властите соопштија дека две лица загинале, две се водат за исчезнати, а повеќе од 100 се повредени.

Тајфунот Кратон го нарушува авиосообраќајот, поради што денеска, втор ден по ред беа прекинати сите домашни летови.

Предизвика и привремени прекини на струја во речиси 55.000 домови.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ