Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Страв во Либан по вчерашните напади со експлозив во пејџери

19 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Жителите на Бејрут масовно ги исклучуваат апаратите за домаќинство, ги вадат батериите од апаратите, а мобилните и лап топите ги користат само за итни случаи.

-Се шират гласини дека литиумските батерии и соларните панели експлодираат. Јас дефинитивно ќе ги исклучам и ако овие гласини се неточни. Луѓето се уште се исплашени. , вели жител на Бејрут.

-Не можам да знам што ќе се случи денеска. Работите се повторуваат одново. Имавме производи за кои бевме 100 % сигурни дека се безбедни, но од претпазливост моравме да ги отстраниме. , вели продавач во Бејрут.

Либанската влада забрани носење пејџери и на токи воки уреди на меѓународниот аеродром во Бејрут. По првичниот шок со експлозиите на пејџери, вчера следуваше нов уште пофатален бран детонации. Во синхронизиран напад на Токи – Воки апарати загинаа најмалку 25 луѓе, а 600 се ранети, меѓу нив и цивили и припадници на милитантната Хезболах, кои се главна цел на нападите. Израел се уште без официјалнен коментар. Официјално, најави конечна пресметка со Хезболах.  

-Почнуваме нова фаза во војната. „Центарот на гравитација“ на операцијата се пренасочува кон север со пренасочување на ресурсите и силите. , изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.

Кој ги произведе темпираните уреди, кои однесоа над 30 жртви и повредија четири илјади луѓе и натаму е мистерија. И првично посочената тајванска компанија, а потоа и унгарската фирма која според „Њујорк тајмс“ била всушност параван компанија создадена да го прикрие идентитетот на израелските разузнавачи кои ги произвеле пејџерите негираат дека стојат зад смртоносната пратка до Хезболах. Експертите сметаат дека операцијата била со месеци планирана на повеќе нивоа.

-Еден од најтешките делови е да се интервенира во сите овие уреди пред да дојде во рацете на Хезболах, а тоа е нешто за што едноставно ви треба државен апарат за да се направи тоа. , вели Џастин Капос, професор по компјутерски науки во Њујорк.

Хезболах, кој се закан со праведна одмазда е шиитска група со седиште во Либан и највооружена милитантна организација на Блискиот Исток, финансирана од Иран. Со децении се смета за една од најголемите закани за Израел, а во последните месеци ги интензивираше ракетните напади на негова територија. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ