Столтенберг на самитот на НАТО истакна дека Орбан патува во својство на премиер на Унгарија и дека во Москва нема да го претставува НАТО, чиј член е Унгарија, пренесуваат светските агенции.
Орбан претходно денеска пристигна во Москва и по пристигнувањето рече дека со таа посета ја продолжува мировната мисија, откако неодамна го посети Киев каде разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски./МИА