Силно поздравен од неговите поддржувачи и присутен од бројни медиумски екипи, тој им се заблагодари на сите што гласаа за Лабуристичката партија.
“Have no doubt that the work of change begins immediately”
— BBC Politics (@BBCPolitics) July 5, 2024
UK PM Sir Keir Starmer says his new government will “rebuild Britain” in his first speech outside Downing Street
https://t.co/g1XyptbGZT pic.twitter.com/yP4jw7tumj
Стармер потоа му се заблагодари на својот претходник Риши Сунак, пофалувајќи ги неговите достигнувања како прв британско-азиски премиер во историјата на земјата.
„Сега нашата земја решително гласаше за промени, за национална обнова и враќање на политиката во служба на јавноста. Мораме заедно да одиме напред“, рече тој и продолжи:
„Оваа рана, овој недостиг на доверба може да се излечи само со акција. Не со зборови. Јас го знам тоа. Но, мора да започнеме денес“.
Сер Стармер, исто така, рече дека лабуристите добиле јасен мандат, кој партијата ќе го искористи за да донесе промени:
„Добивме јасен мандат за промени. Ќе ставиме крај на ерата на бучни перформанси, нема да газиме лесно по вашите животи и ќе ја обединиме земјата. Четири нации повторно застануваат заедно, соочувајќи се со предизвиците на неизвесниот свет, како што ние честопати во минатото се залагавме за мирна и трпелива реконструкција со почит и понизност ве повикувам сите да се приклучите на владината служба. Нашата работа е итна и ја започнуваме денес.
Новиот премиер вети дека ќе ја изгради државата:
„Ќе ја обновиме Британија, богатството во секоја заедница. Ќе го вратиме здравството на нозе, ќе ги намалиме цените на енергијата и ќе ги обезбедиме националните граници. Без разлика дали сте гласале за лабуристите, особено ако не сте гласале. Запомнете, мојата влада ќе ви служи. Политиката може да се искористи за добро и тоа ќе го покажеме“.