Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Си Џинпинг и Ким Џонг-ун преку пораки изразија надеж за зајакнување на врските меѓу двете земји

6 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во својата порака до Ким Џонг-ун, кинескиот претседател истакна дека воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји пред 75 години има епохално значење и дека Кина и Северна Кореја меѓусебно се поддржуваат во зајакнувањето на народната моќ и зачувувањето на националниот суверенитет, зајакнувањето на соработката и унапредување на социјалистичката градба.

Си додаде дека традиционалното пријателство меѓу Кина и Северна Кореја го издржа тестот на времето и глобалните предизвици, наведува Ксинхуа.

Според него, Кина е подготвена заеднички да го промовира „стабилниот и натамошен напредок на социјализмот во двете земји“.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, пак, во својата порака нагласи дека во текот на изминатите 75 години, двете партии и двете земји одржувале цврсто верување во легитимноста на нивните цели, „надминувајќи различни тестови и предизвици и смело напредувајќи на патот кон социјализмот .

Тој додаде дека во фундаментален интерес на двете земји е постојано да се подобруваат и развиваат меѓусебното пријателство кое има богата историја, пренесе севернокорејската агенција КЦНА.

Ким истакна дека неговата влада ќе се залага за консолидирање и развој на пријателските односи и соработка меѓу двете земји.

Американските медиуми пренесуваат дека Кина, како најголем трговски партнер на Северна Кореја и главен извор на многу потребната помош за Пјонгјанг, е осомничена дека избегнува целосно спроведување на санкциите на Обединетите нации против Северна Кореја и тајно испраќа помош за да му помогне на својот сиромашниот сосед. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ