Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Шведски тинејџери заработуваат убивајќи за дански банди: Евтино ги ангажираат

12 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Кога шетате низ Малме, сè изгледа многу идилично. Но, под површината се крие помалку романтична вистина. Малме и Копенхаген од другата страна на теснецот Ересунд, кој ги дели Данска и Шведска, беа тешко погодени од насилството на бандите во текот на летото.

Данската полиција извести дека загинале три лица и дека имало најмалку 25 напади или обиди за напади.

Посебно загрижувачко прашање, според полицаецот во Малме, Глен Сјогрен, е возраста на луѓето кои ги извршиле овие злосторства.

„Овде во Шведска најмуваат убијци да вршат убиства во Данска. И тие се секогаш малолетни“, изјави тој за Euronews и објасни зошто се толку млади.

„Поевтино е. И ако ги фатат, нема да добијат долгорочна казна“, додава полицаецот Сјогрен.

Минатата година, шведската полиција забележа зголемување на регрутирањето на тинејџери помлади од 18 години за извршување убиства, бидејќи тие се соочуваат со помала контрола од органите на прогонот и често се заштитени од гонење во споредба со возрасните.

Криминалците често регрутираат членови во социјално загрозените имигрантски населби. Официјалните податоци покажуваат дека од април имало 25 случаи во кои Данците ангажирале млади Швеѓани да вршат злосторства во Данска.

Нападите вклучувале употреба на пиштоли, бомби, па дури и рачни гранати.

Пема Каролини Сколд, раководител на младинската програма во Малме, тврди дека децата се мета на интернет. „Регрутирањето преку социјалните мрежи е релативно голем фактор зошто децата доаѓаат во вакви средини“, изјави Сколд за Euronews.

Прекуграничниот криминал меѓу Данска и Шведска резултираше со работа на данската полиција во Шведска и обратно. Шведска со години се бори со насилство од бандите, додека Данска исто така има насилство поврзано со банди, но во помал обем.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ