Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Шведска најави нов пакет воена помош за Украина, вреден 443 милиони долари

9 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тој наведе дека новиот пакет помош ќе опфати муниција за борбени возила на пешадијата, како и набавка што во иднина ќе овозможи пренос на борбени авиони Грипен, иако одлука за таков трансфер се уште не е донесена.

„Сакаме да можеме да ги пренесеме ловците Грипен во Украина во подоцнежна фаза“, рече Џонсон на прес-конференција, пренесе Ројтерс.

Поранешниот шведски министер за надворешни работи Тобијас Билстром во јули најави дека Шведска е подготвена да испорача ловци Грипен во иднина, но дека тоа зависи од одлуката на украинската влада.

„Не се работи само за добивање авиони и обука на пилотите. Тоа се сложени системи, а имплементирањето на два од нив во исто време би било премногу тешко. Но, тоа не значи дека Шведска не е отворена за испораки на Gripen ако и кога Програмата за Ф-16 завршува, тоа е повторно прашање на Украина, а не на шведската влада“, рече тој.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ