Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Шолц и вети поддршка на Санду во борбата против надворешното влијание во Молдавија

24 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Британските медиуми пренесуваат дека Санду и Шолц разговарале за наводното влијание на руската и проруската пропаганда во Молдавија.

„Канцеларот ја увери претседателката Санду во континуираната поддршка за зајакнување на отпорот на Молдавија кон странското влијание и мерките за дестабилизација“, се наведува  во изјавата на портпаролот.

Како што тој додаде, Санду го информирала Шолц за исходот од првиот круг од претседателските избори и референдумот за влез во ЕУ. Повеќе од половина од гласачите во Молдавија на референдумот одржан во неделата гласаа за влез на земјата во ЕУ, покажуваат најновите податоци на Централната изборна комисија, по обработени 98,42 отсто од гласачките материјали.

На претседателските избори кои се одржаа истиот ден, според прелиминарните податоци по обработката на 98,51 отсто од гласачките материјали, најмногу гласови добила актуелната шефица на државата Маја Санду со 42,07 отсто од гласовите. Санду се залага за европска интеграција, а опозицијата ја обвинува за раскинување на врските со Русија и за предавство на националните интереси.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ