Тој стана шестиот владин министер кој поднесе оставка во изминатите два дена,со што стана јасно дека украинската влада минува низ најголемите промени од почетокот на руската инвазија кон крајот на февруари 2022 година.
Кулеба ја извршуваше оваа функција од 2020 и ги предводеше напорите на украина за придобивање на меѓународната јавност околу војната со Русија и за склучување нови партнерства. украинските медиуми јавуваат дека негов наследник би можел да биде сегашниот заменик-министер за надворешни работи Андриј Сибиха. Шефот на кабинетот на партијата на Зеленски, Давид Арахамија, вчера изјави дека промените ќе опфатат повеќе од половина од членовите во владата.