Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

САД ја одобрија продажба на 32 авиони Ф-35 на Романија

14 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Главен изведувач на договорот со Романија е компанијата Локхид Мартин. Нарачката вклучува и 33 авионски мотори од Pratt & Whitney.

- Оваа предложена продажба ќе ги поддржи целите на американската надворешна политика и националната безбедност преку зајакнување на безбедноста на сојузникот на НАТО, кој е важна сила за политичка и економска стабилност во Европа, се вели во соопштението.

Договорот е објавен откако оваа недела украинските пилоти почнаа да се обучуваат на авиони Ф-16 во Романија. Киев се обидува да ја забрза употребата на овие американски борбени авиони за да ги одбие руските напади.

Романија зазема стратешка позиција на Црното Море и сака да стане „меѓународен центар“ за обука на пилоти Ф-16.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во четвртокот се состана со неговата романска колешка Луминика Одобеску, и искажа благодарност на Букурешт затоа што и обезбеди на Украина ракетен одбранбен систем Патриот./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ