Во Дагестан, Русија, уапсени се двајца осомничени за планирање терористички напад врз државна институција, соопшти прес-службата на истражниот оддел на Истражниот комитет на Руската Федерација за тој регион.
Во соопштението се наведува дека двајцата осомничени се жители на Република Дагестан.
Тие наводно планирале терористички напад врз една од државните институции на Републиката во периодот од 2023 до 2024 година со цел „да ја дестабилизираат работата на државните органи“.
Се нагласува дека е утврдено дека осомничените биле обучени за изработка на експлозивни направи.
Утврдено е и дека во јули 2024 година во селото Куруш во Дагестан купиле компоненти за нелегално производство на експлозивна направа, но дека не ги реализирале своите планови бидејќи биле приведени од припадници на полицијата, пренесе РИА Новости. .
Против осомничените е поведена кривична постапка за подготовка на терористички напад, како и за нелегално производство на експлозив.