Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Разорниот „Милтон“ стигна во Флорида: Американците ги очекува 24 часовен пекол (ВИДЕО)

9 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во претходните часови најсилен беше ураганот над Мексиканскиот залив, од петта категорија со ветрови од 270 км/ч, објави Скај Њуз.

Милтон го поместува својот центар директно од Мексиканскиот Залив кон западниот брег на Флорида, а потоа ќе премине преку централна Флорида понатаму на исток кон Атлантикот.

Во западниот и централниот дел на Флорида веќе паѓаат обилни дождови, заедно со силен ветер, а ураганот ќе ја зафати целата држава во текот на ноќта.

Во исто време, јужните делови на Флорида се под напад на торнада.

Со својот најразурнувачки дел, тој ќе навлезе над западниот брег на Флорида, малку јужно од Тампа, како ураган од трета категорија со ветрови до 200 км/ч.

Се очекува бранови од неколку метри, што ќе навлезат длабоко во копното и ќе претворат големи површини во океан, а водата би можела да биде длабока и до 10 метри.

На Тампа ѝ се заканува големо уништување, имајќи предвид дека во градот се очекуваат ветрови со брзина од 180 км/ч.

Се очекува да наврнат и до 400 литри дожд на метар квадратен, што заедно со плимниот бран би довело до незамисливи поплави.

Ова е пострашно од сценариото од август 2005 година, кога ураганот Катрина го опустоши Њу Орлеанс.

Високите згради и облакодери во Њу Орлеанс избегнаа колапс од урагански ветрови, што ќе биде случај и во Тампа, но со големи оштетувања, особено на покривите и стаклените фасади, но она што не може да се избегне е поплавата.

Ураганот Катрина беше најсмртоносниот ураган во Америка со повеќе од 1.250 мртви, а градот не закрепнал до денес.

Тампа се соочува со слично сценарио, а оние кои не бараат засолниште ќе бидат изложени на ризик од смртоносната бура.

Милиони веќе се евакуирани од загрозените области и сега се чека ударот.

Во секој случај, Флорида во следните 24 часа ја чека катастрофално сценарио, со разорни поплави, ветрови од урагански сили и други проблеми поврзани со ураганите.

Се стравува дека многумина ќе ги загубат своите домови и дека милиони ќе останат без струја.

Последиците од ураганот ќе може да се чувствуваат и да се отстранат многу долго.

Што се однесува до Мајами, тој ќе го избегне разорниот дел од ураганот, но не и обилните дождови и силните ветрови. За среќа, нема да има големи проблеми во Мајами и на југот, како и на северот на Флорида, додека западните, централните и источните делови на земјата, вклучувајќи ги Тампа и Орландо, ќе бидат изложени на најсилното влијание на оваа непогода.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ