Се стравува дека тоа не е конечната бројка, имајќи предвид дека повеќе од 200 повредени се во критична состојба, соопшти Министерството за здравство на Либан, пренесе Би-би-си.
Речиси 3.000 луѓе се повредени во експлозиите, објави Ројтерс.
Nine dead, including a Hezbollah MP's son, after pager explosions in Lebanon. Over 2,750 injured. Hezbollah blames Israel.
— shorts91 (@shorts_91) September 17, 2024
Read more on https://t.co/uR9r1A2nhB #Lebanon #Hezbollah #Israel #Explosion #BreakingNews #LebanonPagerBlust pic.twitter.com/HbLjkAmjNy
Хезболах го обвини Израел за експлозиите, велејќи дека тоа е „валкана агресија“ и најави дека ќе следи „праведен одговор“. Како и обично, Израел не се огласи и никој од официјалните лица не ги коментираше настаните од попладнево во јужен Либан.
Вооружената група поддржана од Иран, со седиште во Либан, е непријател на Израел со децении. Борбите меѓу двете страни ескалираа во последниве месеци, што ги зголеми стравувањата од сеопфатна војна.
Би-Би-Си ги пренесе и изјавите на експерт за експлозивни направи, кој изјавил дека пејџерите што експлодирале најверојатно биле „дополнети“ со 20 грама воен експлозив, кои потоа биле истовремено активирани.
Ова тврдење се совпаѓа со претходната теорија дека пејџерите биле „наместени“ уште на производствената линија.