Конзервативниот прв човек, кој беше избран во мај, во видео порака ја отфрли идејата за одземање на каналот, велејќи дека тоа е напад на суверенитетот на неговата земја, објави Анадолија.
Како што истакна во објава на социјалната мрежа „Х“, „секој квадратен метар од Панамскиот канал и неговата околина ѝ припаѓа на Панама и ќе продолжи да ѝ припаѓа во иднина“.
На овој начин Мулино го одби барањето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за враќање на Панамскиот канал под американска контрола.
Мулино нагласи дека за суверенитетот и независноста на Панама не може да се преговара.
- Секој граѓанин на Панама, овде или каде било во светот, тоа го носи во своето срце. Тоа е дел од нашата историска борба – рече Мулино.
Трамп претходно изјави дека контролата на водниот пат што ги поврзува Атлантскиот и Тихиот океан преку Панама треба да се врати во Вашингтон, бидејќи Панама наметнува, како што вели, неправедни такси за американските бродови што минуваат низ Панамскиот канал.
Панамскиот канал, завршен од Соединетите држави во 1914 година, беше вратен на централноамериканската земја според договорот од 1977 година потпишан од демократскиот претседател Џими Картер. Панама презеде целосна контрола над него во 1999 година.