Недолго потоа, Фабио Очоа (67) повторно бил слободен човек, објави агенцијата АП.
Очоа пристигна во Богота со лет за депортација вчера попладне, облечен во скромна сива тренерка и носејќи лични работи во пластична кеса. Откако излегол од авионот, го пречекале имиграционите службеници облечени во панцири. Немало полиција на лице место за да го приведе.
Очоаа беше пречекан во Богота како фудбалска или пејачка ѕвезда. Голем број луѓе сакаа да се ракуваат со Очоа, да го поздрават и да му посакаат добредојде.
Legendary drug lord Fabio Ochoa is deported to Colombia and walks free after 20 years in US prisons https://t.co/DVFBq5430f
— The Associated Press (@AP) December 24, 2024
Претставниците на имиграцијата му зеле отпечатоци од прсти и преку базата на податоци потврдиле дека Очоа не бил баран од колумбиските власти. Агенцијата за имиграција на земјата објави на социјалната мрежа Х дека Очоа е „ослободен да му се придружи на семејството“.
„Ме наместија“, рече Очоа на прашањето на новинарите на аеродромот Ел Дорадо во Богота дали се кае за своите постапки.
Поранешниот водач на картелот се насмевна додека ја гушкаше својата ќерка, која ја немаше видено седум години, и рече дека ќе оди во Меделин да живее со семејството.
„Кошмарот заврши“, рече Очоа. Тој и неговите постари браќа собрале богатство кога кокаинот почнал да тече во САД кон крајот на 1970-тите и раните 1980-ти, според американските власти, до тој степен што во 1987 година биле вклучени на листата на милијардери на Форбс.
Живеејќи во Мајами, Очоа водел центар за дистрибуција на картелот за кокаин некогаш управуван од Пабло Ескобар.
Ескобар загина во престрелка со властите во Меделин во 1993 година. Очоа првпат беше обвинет во САД за неговата наводна улога во убиството на Бери Сил во 1986 година, американски пилот кој транспортирал кокаин за картелот Меделин, но станал доушник на Агенцијата за борба против дрогата (ДЕА).
Заедно со неговите постари браќа, Хуан Давид и Хорхе Луис, Очоа им се предаде на колумбиските власти во раните 1990-ти, како дел од договорот за избегнување на американска екстрадиција.