Хојерман денеска е обвинет за убиство на Валери Мек, чии останки првпат биле пронајдени на Лонг Ајленд на плажата Гилго во 2000 година, објави Гардијан.
Gilgo Beach serial killing suspect Rex Heuermann charged with 7th murder as stunning details emerge
— Kelly Hyman (@Kellyhyman1) December 17, 2024
Via @ABC https://t.co/gvQBX8DUac
Мек (24) работела како деловна придружба во Филаделфија, а нејзиното семејство последен пат ја видело во 2000 година во Њу Џерси. Хојерман денеска пред судот изјави дека не е виновен за ниту едно од обвиненијата.
Тој е обвинет за убиство на уште шест жени чии останки биле пронајдени на Лонг Ајленд. Истрагата за тие убиства датира од 2010 година, кога полицијата во потрага по исчезната жена пронашла останки од 10 тела на плажата Гилго.