Локални извори соопштија дека во нападот на израелски воени авиони врз училиштето, кое се наоѓа западно од Деир ал Балах, имало десетици жртви, а многу луѓе биле тешко повредени, пренесува палестинската агенција Вафа.
Официјални лица изјавија дека бројот на загинати би можел да биде поголем, бидејќи операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек.