Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Полска најави „одмазда“ кон Германија

13 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„За затворањето на границата дознавме наеднаш, немаше предупредување. Нема такво нешто меѓу пријатели и соседи. Ќе има реакции, бидејќи тоа не се прави така, секоја акција предизвикува реакција“, изјави Бартошевски за полското радио Зет.

Тој истакна дека таквата ситуација е неприфатлива за многу земји и дека веројатно веќе се водат дискусии меѓу земјите од ЕУ како да одговорат на овој потег на Берлин.

Според Бартошевски, Варшава ќе го координира ова прашање во консултација со другите соседи на Германија и ќе бидат разгледани различни опции за одговор.

„Ќе размислиме што да направиме за да ја промениме ситуацијата, што е неприфатливо за многу земји“, посочи тој. Бартошевски додаде дека повторното воспоставување на контрола од страна на Германија на границата со Полска ги изненади сите и дека оваа одлука најверојатно „ќе предизвика хаос на границите“.

Тој оцени дека германската влада сака да го подобри својот имиџ во Германија, но дека постапува исто како и полската партија Право и Правда (ПиС), односно дека надворешната политика станува заложник на внатрешната политика.

„Германија има своја вина, бидејќи прво ги отвора границите и вели „вилкомен“ (добредојдовте), можеме да прифатиме секаков број бегалци. Политиката на канцеларката Ангела Меркел за бегалците се покажа како катастрофална“, рече полскиот дипломат.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер неодамна објави дека Германија воведува контрола на внатрешните граници на земјата.

Германските власти очекуваат дека ваквата мерка ќе стане „модел за ефективно протерување на илегалните мигранти“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изрази поддршка за овој потег на германската влада.

Претходно, лидерот на германската опозициска партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ) Фридрих Мерц предложи воведување вонредна состојба во земјата за да се поедностави протерувањето на илегалните мигранти во случај на неуспешни преговори со Европската унија на оваа тема.

Дискусиите за мигрантската политика се разгореа во Германија по терористичкиот напад во градот Солинген на 23 август, при кој маж со нож ги нападна посетителите на фестивал.

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека властите треба да ги преземат сите можни мерки за протерување на луѓето кои немаат право да бидат во Германија.

Тој истакна дека бројот на депортации годинава е зголемен за 30 проценти, пренесе Б92..

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ