Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Политичка неизвесност во Франција по изборите на кои победи левичарската коалиција

8 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Иако стратгеијата на Макрон да се поддржат левичарите само крајната десница да не победи успеа, сепак, првата жртва од изборите е премиерот кој доаѓа од неговата партија, Габриел Атал, кој веднаш по објавувањето на резултатите ја понуди својата оставка, но од елисејската палата денеска соопштија дека Макрон побарал од него привремено да остане на функцијата за да се задржела стабилноста на државата. Атал пак во говорот кога ја најави оставката порача дека граѓаните ги очекува неизвесна иднина. 

-Верен на републиканските традиции и во согласност со моите принципи ќе ја поднесам мојата оставка на Претседателот на републиката. Знам дека со оглед на вечерашните резултати, многу француски граѓани ќе чувствуваат степен на несигурност за иднината, бидејќи не произлезе никакво апсолутно мнозинство.- Габриел Атал – Премиер на Франција во оставка

За Ле Пен пак, чија партија освои најголем број на гласови, но поради изборниот систем се најде на третото место по бројот на мандати, победата на изборите само била одложена за уште една година.

-Франција ќе биде целосно блокирана со три групи, со приближно иста големина во Народното Собрание. Така што, тоа е патот, жално е, ќе загубиме уште една година. Уште една година на нелегална миграција, уште една година на губење на куповната моќ, уште една година на неизвесност, која експлодира во нашата држава. Но, доколку тоа е потребно, тогаш тоа е тоа што е потребно.- Марин Ле Пен – „Национален Собир“

Приврзаниците на левицата до доцна во ноќта ја прославуваа победата, а на некои места прославата се претвори и во немири поради кои мораше да интервенира и француската полиција.

За коалицијата на крајно левичарски партии „Нов народен фронт“ која беше формирана непосредно пред изборите, победата е историска. Побараа од претседателот Макрон да одбере премиер од нивните редови или да си поднесе оставка.

-Најпрво, претседателот на републиката мора или да си замине или да одбере премиер од нашите редови. / Макрон, Оставка / Бидејќи уставот му дава на претседателот одредени прерогативи (во надворешната политика) исто така му дава и на премиерот. Така да, двајцата ќе мора да се согласуваат, како на пример, да се признаее најбрзо што може, државата Палестина.- Жан Лук Меленшон – „Нов народен фронт“

За дел од политичките аналитичари во Франција евентуалното формирање на нова влада е речиси невозможно бидејќи сите три групи уште пред  изборите најавија дека немаат намера да соработуваат.

-Ќе ги видиме можните коалиции кои се на хартија. Тоа е новиот „Народен Фронт“, заедно со мнозинството („Заедно за Републиката“) кое си заминува, плус можеби некој мал дел од умерените „Републиканци“ иако и таму има политичари кои велат не. Сето тоа изгледа премногу комплицирано и како што кажав, изборите завршија, но политичката криза допрва почнува.- Антоан Мариоти – Политички Аналитичар

Според резултатите, левицата ќе има 180 пратеници, партијата на Макрон, 159, а национален собир на Ле Пен, 142 пратеници. За формирање на ново парламентарно мнозинство потребни се 289 од 577 членото француско собрание.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ