Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Политичар со стол го удри ривалот среде ТВ дебата, веднаш се вмеша обезбедувањето (ВИДЕО)

17 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Хозе Луиз Датена и Пабло Марчало се расправаа, а потоа Датена замавна со стол кон својот противник. Сè беше пренесувано во живо од ТВ Култура. Подоцна Датена изјави за ТВ Култура дека го нападнал Марчало затоа што изнел стари наводи за сексуално вознемирување против него, кои биле отфрлени пред неколку години.

„Дојде со случај кој беше архивиран, кој полицијата не го ни истражуваше бидејќи немаше докази. Нешто од пред 11 години што предизвика многу сериозна ситуација во моето семејство“, вели Датена.

Иако беше исфрлен од дебатата, тој во изјава инсистираше дека не се кае за своите постапки, пишува CNN.

Марчало бил примен во болница. Неговиот тим соопшти дека тој бил примен во болница со можна фрактура во пределот на градниот кош и дека има потешкотии со дишењето. Од болницата соопштија дека се здобил со повреда на градниот кош, но дека нема поголеми компликации.

Марчало го спореди нападот на стол со обидот за атентат врз поранешниот американски претседател Доналд Трамп во јули и прободувањето со нож на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро за време на изборите во 2018 година.

Тој објави фотографии од нападот на Инстаграм со натпис: „Зошто сета оваа омраза?

Останатите кандидати ја продолжија дебатата по нападот. ТВ Култура соопшти дека жали за инцидентот и ја продолжи дебатата во согласност со правилата откако другите кандидати се согласија.

Тимот на Марчало вети дека ќе преземе правни мерки.

„Пабло Марчало беше кукавички нападнат од Хозе Луиз Датен, кој го удри во ребрата со железна столица“, соопшти неговиот тим, додавајќи дека е штета што дебатата продолжила без него.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ