Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

По дождот, и два метри снег паднаа низ Европа, луѓето пред опасност од лавини

17 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На некои локации наврнале над 400 литри дожд на метар квадратен.

Воедно, драстичниот пад на температурата донесе многу силно заладување, па на планините паѓаше снег.

Снежната линија се спушти на 1000 метри надморска височина, а падна од 20 до 80 сантиметри снег, локално и повеќе, каде снегот беше проследен со урагански ветрови со брзина од 160 км/ч, кои создадоа неколку метри наноси и закопа сè пред нив.

Најобилен снег падна на Алпите, особено на Алпите во јужна и западна Австрија, каде локално на повисоките места наврнаа и до 2 метри снег.

Снегот ги изненади сите, во многу области два месеца порано, а пристигна по лето кое никогаш не било пожешко.

Инаку, снег над 3.000 метри надморска височина е можен и во лето, но летово имаше серија врнежи од снег на австриските Алпи над 3.000 метри повеќе од 65 дена, со температури во плус.

Обилниот снег и снежна бура блокираа многу планински предели.

На Алпите сè уште паѓа снег, а сега се закануваат лавини.

Бидејќи е многу влажен снег, лавините се закануваат во многу области.

Инаку, интересна е и многу острата линија помеѓу снегот и дождот, а оваа остра линија над Линц ја покажува и оваа слика.

Така, додека во долините на Алпите наврнаа повеќе од 200 литри дожд, заедно со поплавите, снегот паѓаше на над 1000 метри.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ