Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Пентагон призна дека има двојно повеќе војници во Сирија

20 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер, изјави дека не знае колку време биле таму 2.000 војници, но дека најверојатно биле распоредени барем неколку месеци пред падот на сирискиот лидер Башар ал Асад.

-Денес ја дознав таа бројка. Претходно известував за 900 војници, па сакав да го објавам она што го знам сега“, рече тој.

САД веќе неколку години јавно кажуваат дека имаат 900 војници во Сирија кои работат со локалните сили за да го спречат обновувањето на ИД, која зазеде големи делови од Ирак и Сирија во 2014 година, но подоцна беше потисната.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден најави дека американските војници ќе останат во Сирија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ