Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Новата мексиканска претседателка ја одби поканата на Зеленски да ја посети Украина

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Затоа таа ја одби поканата од претседателот Володимир Зеленски да ја посети Украина по преземањето на функцијата на 1 октомври, објавија украинските медиуми.

-Нашата одговорност е тука. Ќе присуствуваме на некои меѓународни настани што ги сметаме за важни, но нема да патуваме многу. Нашата одговорност е тука, рече Шајнбаум, нагласувајќи дека приоритет на нејзината влада ќе биде решавање на домашните проблеми.

Таа посочи дека ќе ја продолжи надворешната политика на нејзиниот претходник, Лопез Обрадор, чиј лајтмотив е немешање во работите на другите земји и поддршка за мирно решавање на каков било конфликт.

Шајнбаум ја потврди посветеноста на Мексико за одржување дипломатски односи со сите земји, освен со Еквадор, каде во април имаше инцидент во мексиканската амбасада што таа го опиша како „газење на суверенитетот“ на нејзината земја.

Клаудија Шејнбаум победи на претседателските избори во Мексико во јуни. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ