Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Норвешка ги укина ограничувањата за извоз на оружје и опрема во Турција

12 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Отсега, дозволите за извоз на одбранбена опрема и стоки со двојна употреба за воени цели во Турција повторно ќе може да се применуваат нормално, се наведува во денешното соопштение на турското Министерство.

Според Министерството, пренесува ДПА, сите барања за лиценца ќе се разгледуваат поединечно и темелно.

Норвешка, како една од земјите основачи на НАТО, во есента 2019 година одлучи да ја прекине обработката на новите барања за извоз на оружје во Турција, а причина за тоа беше упадот на турските војници во северна Сирија.

ДПА појаснува дека и други европски земји на сличен начин одговорија на турската офанзива против курдската милиција во Сирија.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го изрази своето задоволство од укинувањето на ограничувањата.

Портпаролот на министерството на платформата X, во име на министерот Фидан, напиша дека  „ваквите ограничувања не се во согласност со духот на сојузот“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ