Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Невладина О.Најмалку 100.000 луѓе се погребани во масовна гробница во близина на Дамаск

17 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Најмалку 100.000 тела на жртви на режимот на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад се наоѓаат во масовна гробница надвор од Дамаск, изјави директорот на организацијата Сириски наменски сили за итни случаи (СЕТФ), Муаз Мустафа.

Тој  изјави дека една од петте масовни гробници се наоѓа во Ал Кутајфа, 40 километри северно од Дамаск.

„Сто илјади е најконзервативната проценка“ за бројот на тела закопани на местото, рече Мустафа.

Покрај таа гробница, има и други, освен петте масовни гробници што се познати. Според него, покрај сириските жртви, таму се закопани и странци, меѓу кои и американски и британски државјани. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ