Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Нетанјаху: Израел е во судбоносни денови, се бори за нашето постоење

30 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

- Израел е во судбоносни денови. Ова се денови на историски достигнувања, но и денови на големи предизвици кои се уште се пред нас, изјави тој додека ИДФ нанесува серија тешки удари врз терористичката група Хезболах во Либан, пренесе Тајмс оф Израел.

Нетанјаху ги поздрави војниците на ИДФ „кои се неверојатни во нападите врз непријателите на Израел и подигање на моралот на народот“. Тој исто така изрази сочувство до ужалените семејства и на „драгите семејства на заложниците“.

- Нема да се одмориме додека не ги вратиме сите назад, вети Нетанјаху.

- Ние сме во војна за нашето постоење. Ќе ги здружиме силите, ќе одиме рака под рака и ќе ги победиме нашите непријатели. Нека заврши годината и нејзините проклетства, заврши тој, осврнувајќи се на еврејската година, „и со Божја помош – нека почнат годината и нејзините благослови“./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ