Портпаролот на Агенцијата Махмуд Басал изјави дека 12 лица, меѓу кои и жени и деца, загинале во нападот што се случил синоќа нешто пред 21:40 часот по локално време, додека 14 лица се водат како исчезнати и најверојатно се заробени под урнатините.
Пред тој инцидент, директорот на Агенцијата Ахмад ал-Кахлут рече дека 18 лица биле убиени во неколку напади, вклучително и напади врз осум училишта во кампот, кои служеле како засолништа за раселени лица.