Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Најмалку 187 повредени во силниот земјотрес во Турција, делумно се урнати 3 згради (ВИДЕО)

16 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Јерликаја изјави дека на терен продолжуваат да работат 55 возила, 210 припадници на Агенцијата за справување со катастрофи (АФАД), три беспилотни летала и еден извиднички авион на жандармеријата и полицијата, пренесува НТВ Хабер.

Три згради делумно се урнале во Малатија, Шанлиурфа и Елазиг, а наставата денеска е прекината.

Претходно денеска АФАД соопшти дека по земјотресот утринава во Турција се случиле уште 30 земјотреси со магнитуда од 1,2 до три степени, но дека во земјотресот нема жртви и повредени, јави Анадолија.

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот на источна Турција, со епицентар во близина на Малатија.

Гувернерот на тој град, Седар Јавуз, во изјава навел дека неколку згради се тешко оштетени, но дека нема жртви.

„Според досегашните информации нема загинати или повредени, но граѓаните се во паника“, рече тој.

Земјотресот бил почувствуван и во девет други провинции.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ