Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Најмалку 13 загинати во судар на воен глисер и траект во пристаништето Мумбај

18 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Најмалку 13 лица загинаа во судир на глисер на индиската морнарица и патничкиот ферибот „Нилкамал“ кој превезувал повеќе од 100 лица до популарната туристичка дестинација Островот Слон кај Мумбај, соопшти денеска индиската морнарица и потврди дека 99 патници од траектот се спасени.

Се наведува дека воениот глисер изгубил контрола при пробно возење и тестирање на моторот, пренесува АП.

„Меѓу загинатите има и тројца припадници на индиската морнарица. Туристите се префрлени на поморски и цивилни чамци и се транспортирани до пристаништата и болниците во областа“, се наведува во официјалното соопштение.

Се додава дека во спасувачката акција биле користени четири хеликоптери и 11 поморски пловни објекти, а спасувачките операции биле извршени во координација со крајбрежната стража и поморската полиција.

Пештерите на островот Слон се дом на древни храмови насликани со сцени од хинду митологијата и се популарна дестинација за туристите кои го посетуваат Мумбаи.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ