Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

На Флорида апсат 11- годишник, се заканувал дека ќе убива на училиште, имал список за отстрел

19 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Канцеларијата на шерифот на округот Волузија заплениле огромни количества пиштоли, ножеви и мечеви откако Карло Кингстон Дорели (11) им покажал видео од своето оружје на соучениците и се заканил со насилство, рече шерифот Мајк Читвуд.

„Напиша листа со имиња и цели. Рече дека тоа било шега“, напиша шерифот.

Поради оваа „шега“, шерифот го обвини за кривично дело заканување со масовно пукање и објави видео на кое полицајците го носат момчето во затвор со лисици на зглобовите и глуждовите.

Ја објавија и неговата полициска фотографија и фотографија од неговото оружје, објави Ен-Би-Си.

Ова доаѓа откако шерифот се закани дека ќе ги фати сите деца кои испраќаат лажни закани по смртоносното пукање во средното училиште Апалачи во Џорџија, во кое загинаа четири лица.

„Секогаш кога ќе апсиме, фотографија од вашето дете ќе биде објавена... Ќе дојдеме по вас. Ќе ве изложиме на јавен срам“, рече Читвуд на прес-конференција минатата недела, откако властите на Флорида во една ноќ примија 54 лажни пријави за претстојно пукање во училиште.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ