Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Мртви делфини и птици го прекриваат брегот на Црното Море, откако се насукаа два танкера(ВИДЕО)

23 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Телата на 11 делфини се пронајдени во јужниот дел на рускиот регион Краснодар по истекување на нафта во Црното Море предизвикано од заглавувањето на два танкери претходно овој месец, објави вчера државната новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на Новаја Газета. Најмалку осум од тие мртви делфини припаѓаат на загрозениот вид азовски делфини, изјави Татјана Белеј од Центарот за спасување и истражување на делфини Делфа.

Локалниот еколог Георгиј Каваносијан во саботата изјави дека 125 птици угинале поради излевањето на нафтата што стигнало до брегот на Црното Море, додека волонтерите успеале да спасат 875 од нив, прогнозира дека во наредните денови ќе умрат уште птици, бидејќи ветеринарите велат дека само имаат два до три дена за успешно лекување на птиците.

Според руското Министерство за вонредни состојби, два танкери Волгонефт 212 и Волгонефт 239, секој со повеќе од 4.000 тони нафта, претрпеа сериозни оштетувања откако се насукаа на 14 декември поради силните ветрови во теснецот Керч, кој го поврзува Црното Море со помалото Азовското море помеѓу окупираниот Крим и Русија.

Додека операцијата за чистење продолжува во Анапа, туристичкиот град во регионот Краснодар најтешко погоден од излевањето на нафтата, локалните власти пријавија тешкотии поради лошите временски услови. Некои од вреќичките со нафта собрани во Анапа завршиле назад во морето поради невремето што избувнало рано утринава, се вели во видеото објавено на локалниот Телеграм канал на Анапа Гражданскаја.

Министерот за природни ресурси Александар Козлов денеска оценил дека до 200.000 тони почва се загадени со нафта, од кои 14.000 тони се веќе отстранети.

Локалните доброволци снимиле видео за Владимир Путин и премиерот Михаил Мишустин во кое тие го критикуваа одговорот на владата на катастрофата и изјавија дека луѓето биле „принудени да собираат масло за греење со лопати, вдишувајќи отровни испарувања“, додека вреќи со нафта не биле отстранети од плажата. „Луѓето се исцрпени. Нафтата се шири и сѐ повеќе птици умираат“, велат волонтерите, пренесе Индекс.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ